Владата ја донесе Македонија во опасност, дали стоковите резерви биле празни, и затоа владата не интервенираше на пазарот, прашува ВМРО-ДПМНЕ чија реакција ја објавуваме во целост:
Владата дозволи цените на брашното и лебот да се зголемат и не презема ништо против тоа.
Ковачевски не ги употреби државните резерви, за да го намали притисокот врз мелничарите и да спречи покачување на брашното и лебот. Сега гледаме дека причината можеби била во тоа што тие биле празни.
Што правеше владата до сега и зошто не беа преземени чекори за полнење на државните резерви, туку тоа се прави во сред војна во Украина? Што доколку Србија немала и од каде и како ќе набавеле?
Бектеши, Бесими и Ковачевски уверуваа дека стоковите резерви се полни и дека ништо не недостасува, а сега гледаме дека молеле за милостиња и побарале 50.000 тони пченици и 25.000 тони пченка од Србија.
Реси Абдурахмани, првин кажа: Имаме колку што треба стокови резерви. Потоа Пендаровски рече: Имавме потреба и побаравме од Србија пченица и пченка. За на крај Горан Милевски да каже: Србија сама се понуди, ние не сме побарале пченица и пченка.
Владата е неодговорна и ја донесе земјата во опасност.
Се поставува прашањето, што уште недостасува во стоковите резерви и дали има доволно од сите неопходни продукти?
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ