Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а власта предводена од аболицираниот Заев не презема ништо да го реши овој горлив проблем на граѓаните. На листата од десетте најзагадени градови во Европа, Македонија има дури три, Скопје, Битола и Тетово. Граѓаните секојдневно буквално се гушат во неспособноста на локалната и централната власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух. Власта не ја интересираат животите на нашите најмили, животите на најранливите категории, на нашите деца, хронично болните и старите и изменоштени лица на кои аерозагадувањето особено штетно влијае. Власта и натаму на темата аерозагадување калкулира и собира дневно политички поени, тера политикaнтство и си игра со животите на нашите најмили. Власта и натаму не ги прифаќа итните мерки за справување со аерозагадувањето кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, мерки кои што живот значат за нашите граѓани, стои во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ апелира да ги прифатат нивните предлози и власта да не си игра со животите на граѓаните.
-Животот дојде единствено за одбраните партиски и државни функционери на СДСМ кои ги полнат своите џебови преку криминални грантови и тендери и на наш грб можат да си приуштат во најзагадените денови да ја напуштат државата, да дишат чист алпски воздух додека обичните граѓани се гушат во црнила. Црнилата надвиснаа над нашата држава, црнилата се во воздухот кој го дишеме, во власта која не превзема ништо. Црнила кои ги завија семејствата на оние чие најблиски се жртвите на загадувањето. Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем, народот знае дека е потребна зората за да ги истераат црнилата, зора која ќе донесе здравје и почист воздух за сите, порачуваат од партијата.