Почитувани,
Ситуацијата со корона вирусот излезе од контрола. Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица да бидат во изолација. Меѓу нив голем број на лекари.
Ситуацијата бара мултидисциплинарен пристап, а за истиот и за тоа кои мерки треба да се презамат ВМРО-ДПМНЕ посочи пред околу повеќе од две недели.
Очигледно е дека реакцијата на надлежните доцнеше. Изостана и соодветно спроведување на мерките Доцната реакција на надлежните во врска со корона вирусот резултираше со уклучување на црвен аларам.
Ситуацијата е загрижувачка дополнително, бидејќи дел од медицинскиот персонал е веќе во изолација по денешниот случај со доктор Нина Цаца Биљановска, директор на Клиниката за дерматологија која е носител на вирусот.
Оттука Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ со предлози до Владата:
1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст,
2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,
3. Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подотвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,
4. Надлежните институции, Центар за управување со кризи, Државен здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.
За справување со корона вирусот неопходен е мултидисциплинарен пристап, национална свесност и интегритет.
ВМРО-ДПМНЕ ги става на располагање сите свои капацитети за справување со оваа ситуација.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ


Од истата категорија