Со 6,7 отсто инфлација и намалена економска активност и со (Димитар) Ковачевски државата е во стагфлација, се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Истото го објавуваме во целост:
Во јануари стапката на инфлација изнесува 6,7%.
Во изминативе година и половина цените на горивата се зголемени за скоро 100%. Додека цените на основните намирници како брашно, зејтин, леб итн. и до 70%.
И додека цените растат, платите и пензиите не се зголемуваат.
Ковачевски и СДСМ одбија да се зголемат пензиите за 20% веднаш, и наместо тоа предлагаат покачување од 5.5% од септември.
Ковачевски е против зголемување на платите во јавниот сектор, а нема никаква помош нити за стопанството.
Наместо 50% намалување на акцизата за горивата, владата ја намалува за само 30%.
Нема мерка, проект или политика на владата која вродува со плод, затоа што сите мерки се задоцнети, а инфлацијата ги јаде платите.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ