Наместо 500 евра плата за граѓаните, власта вчера изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
– Нема 100.000 денари плата за лекарите, но има заменици на директорите во сите јавни претпријатија во државата, кои само за плати ќе ја чинат државата над 2 милиони евра годишно. Нема поврат на 15% ДДВ кај граѓаните, но затоа има повисоки даноци за ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка и други, се вели во соопштението.
Натаму се додава дека „нема нов Клинички центар, но има поскап паркинг за лекарите“.
– Власта им ја честита Новата година на граѓаните со голем број на нови давачки, со стагнација на економијата и системот во глобала. Црнилата кои ги предизвика власта во изминатиот период не смеат да продолжат и во иднина. СДСМ мора да си замине. За Македонија мора да изгрее зората, се вели во соопштението.