За прес-конференцијата на Богданка Кузеска, која се однесува на трката кој е поголем ВМРО-ДПМНЕ, Филипче или Шилегов, ќе ја пресечеме со фактот дека ниту едниот ниту другиот не е ВМРО-ДПМНЕ, но сигурно е дека се поразени на избори и не се никаква опција за граѓаните – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.
Заеднички именител им е што народот ги знае добро и не се алтернатива, ниту може да направат нешто добро за државата, освен да ја заглават да не може потоа со години да се одглави.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




