СДС и Филипче во обид да го заштитат криминалот на менторот и газда Зоран Заев, заборавија дека сме на прагот на 2026 година бидејќи тие се заглавени и опседнати со минатото живеејќи во паралелни универзуми.
Очигледен е огромниот страв кај Филипче и Заев кој премина во параноја и паника, па од СДС штампаат конфузни соопштенија.
Заев сака да реализира стари фори преку нови инсталации и новиот потрчко Филипче.
Колку плати овој пат Заев?
Со колкав процент учествува Филипче?
Опседнатоста на СДС со Србија е длабоко поврзано уште кога Зоран Заев, од Српската агенција “Канвас“ купуваше идеи за шарена револуција, тренираше и обучуваше свои активисти преку инструктори на Срѓа Поповиќ потпомогнати од Сорос.
Заев е опседнат со Србија уште од младоста и преку убавата Јелена од Горни Милановац додека продаваше лубеници, пиперки и краставици како што самиот даваше изјави.
Или пак кога СДС и Заев целосно украдоа кампања и слоган „За живот во Македонија“ од соседна Србија и партијата Двери.
Но, и покрај тоа што од продавање прашок за алишта во Србија кланот Заеви премина на плантажи со марихуана, златни визи во Дубаи како инвеститори во градежништво, опсесијата сеуште им остана.
Односите на Македонија со сите соседни земји се коректни и почиваат на меѓусебно разбирање и почитување, секогаш водејќи се државниот интерес, за разлика од периодите на власт на СДС кога државата се ставаше по подредена ситуација.
Оттука опседнатоста на СДС со соседите бара сериозен третман.
И кога веќе спомнаа Заев и Хркаловиќ имаат заеднички именител, луксузот во кој уживаат, според пишувањата Хркаловиќ во својот стан има сауни, теретани, фонтани, скапоцен италијански мебел, а Заев ужива во луксузни јахти и милионски имоти.
За крај од што се плаши Заев и Филипче и што е тоа што знае Катица Јанева а на СДС им е ноќна мора?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




