Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во однос на најавите за набавката на лекот Трикафта укажува дека повторно не е замен во предвид универзалниот пристап за здравствена заштита и правото на лек на секој пациент. Ова се наметнува од нетранспарентноста на ваквите одлуки, постапувања и набавки кои предизвикуваат сомнеж за профитирање на маката на болните.
Овие сомнежи се резултат на пречестото набавување од фирми кои се јавуваат како “единствен понудувач” што отвора простор за незаконити и коруптивни дејствија, односно постапки надвор од Законот за јавни набавки.
Оттука според експертските толкувања кои пристигнуваат до Комисијата за здравство од стручни лица со долгогодишно искуство во оваа област, се отвораат следните прашања:
1.Дали толку “стручната” Влада е истовремено и Комисија за позитивна листа, Клиника за детски болести, Фонд за здравство и Министерство за здравство, па самата оваа “стручна” Влада заобиколувајќи ги сите надлежни институции и Законот за јавни набавки си тера ваков вид набавки
2.По кој критериум и на кој начин е дојдено токму до сумата 854 милиони денари за набавка на Трикафта и од кој буџет тоа е предвидено и кој е начинот на плаќање?
3.По кои правила и за колку пациенти со цистична фиброза е предвидена набавка на Трикафта и за колкав тераписки период?
4.По која цена е договорено тоа да го направи Владата на СДС и ДУИ и како е тоа можно уште пред да се спроведе јавна набавка за лекот?
5. Зошто се чекаше со години да се донесе регулатива за позитивна листа за лекови, иако ова е клучното ветување во Програмата на СДС, За живот, што очигледно им користело само за манипулација?
6.Зошто нема ниту еден нов лек на Позитивната листа?
7.Зошто оваа “експертска” Влада не се заложи за цените на лековите како што тоа се прави во земјите ширум регионов, Европа и во светски рамки, за да се обезбеди не само делумно Трикафта, туку и многу други лекови за пациентите кои водат битка за да дојдат до неопходниот лек?
Дополнително потребни се одговори:
1. Со која фирма Владата на СДС и ДУИ договорила да го носи лекот и по кои правила?
2.Зошто Влада не донесе прописи за детално уредување на постапката и не применува модели како што тоа се прави во сите ЕУ земји што применуваат посебни договори за лекови на позитивната листа?
3.Зошто ги доведувате некои од пациентите да бидат во втор, трет или петти план или директно не се задоволуваат потребите на сите пациенти?
Заради сите овие дилеми, на граѓаните им се потребни одговори, одговорно работење и транспарентност, наместо постапки за некој директно да профитира од маката на болните