Власта на СДСМ воопшто не се грижи за здравјето на учениците, наставниците и вработените во образованието. МОН и Комисијата за заразни болести треба да знаат дека училиштата не се згрижувачки туку воспитно-образовни институции. Основното и средното образование се задолжителни и токму затоа не смее да се експериментира и на никој начин не смее да се доведе образованието во опасност, реагираат од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Не смеаат да се носат избрзани одлуки и затоа надлежните пред да донесат конечна одлука за оваа учебна година треба да одговорат на неколу прашања:

1. МОН мора да излезе со точна бројка, и тоа колку од наставничкиот и образовниот кадар се во ризичната група?

2. Колку од услужни дејности за хигиена во училиштата се во ризична група?

3. Колку точно луѓе се вработени во за делот одржување на хигиена во објектите за настава?

4. Што значат 20 или 40 минути за ширење на вирусот?

5. Колку деца се дел од ризичната група?

6. Колку родители/членови на семејство со кое домува ученикот се дел од ризичната група?

Надлежните треба да знаат дека без овие податоци, редовна настава не може да почне. Вработување во хигиена во училишта не е предизвик како партиските вработувањата во ЕЛЕМ, ама сега ги покажа недостатоците. Ширењето на вирусот не може да се премижи заради фингирани анкети.

Дали Владата е подготвена доколку се појави корона кластер во училиштата?

Кој ќе ја сноси одговорноста доколку не се заштити здравјето на граѓаните?

МОН мора уште еднаш да размисли за воведување избор за родителите и учениците:

1. Учење на далечина преку секојдневна платформа

2. Домашно учење – систем на полагања како класен испит.

Да не се доведува сиот систем во опасност од крахирање заради глумење ,,нова нормалност”!

Да не се доведуваат животи во опасност заради глумење нормалност!

Да не ги претвориме училиштата во смртоносни кластери!

Образованието е задолжително, а државата мора да стори сѐ за да го заштити сечиј живот. И на децата и на семејствата и на кадарот во образованието, велат од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.