Дезертерот Заев денес се сликаше во Малешевијата со лаковани чевли и маицата од 500 евра и замина, а пожарот продолжи да беснее. Ете толку од оваа неспособна власт. Македонија има сериозен проблем со Заев и СДСМ. СДСМ се тотално се одлепени од реалноста, а омразата им го поматила и умот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ
-Цела македонска јавност виде предавникот и дезертер Заев на плажа додека Македонија гори. Ова е прв и единствен случај во историјата некој носител на државна функција да го напушти својот народ во тешки моменти и да дезертира на плажа. Да биде срамот поголем од владата вчера најавија дека од лежалка на плажа Заев ќе координира, додека народот со кофи и лопати во рака спасува гол живот, свои имоти и шуми. Странските држави имаа поголема совест од Заев и неговата влада кон народот во Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата порача дека ова е бесрамно.
-СДСМ денес наместо со очајни соопштенија пишувани во немоќ, требаше барем да им се извини на граѓаните за тоа што власта ги остави на цедило. Власта на СДСМ и Заев е школски пример за тотална неспособност и неодговорност. Народот веќе не бара одговори, туку одговорност од СДСМ и Заев, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.