Откако е СДСМ на власт земјоделците едвај преживуваат, откупните цени се прениски, а пласманот не им е загарантиран. Така сведоци сме како земјоделските производи наместо по пазарите завршија на улиците, се истакнува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДСМ и Зоран Заев на земјоделците им ветуваа сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Им ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој да го откупи родот по повисока цена, но веќе трета година со ред гледаме цените се уште пониски, а од новите пазари ни трага ни глас. Сликата на терен е драматична, во Ресен ги сечеа јаболката, праската од Росоман како и зелката во струмичко и сливите од Пијанец беа истурани по улиците, а ништо поинаку не беше и во Кривогаштани произведената пиперка беше истурана по буништата, се вели во реакцијата.
Натаму се додава:
– Заради лошите политики на СДСМ во земјоделието и понижувањето на земјоделците постојано гледаме како протестираат оризопроизводителите, лозарите, произведувачите на праска, зелка, слива, речиси да нема земјоделец кој не протестираше изминатиов период, а сето тоа кулминира со денешниот протест во Скопје на сите земјоделци од целата држава. СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа за земјоделието во Република Македонија. Потребни се итни мерки за спас на македонскиот земјоделец. Токму затоа доаѓа обнова на Македонија која ќе се случи после предвремените парламентарни избори во април кога СДСМ и Заев конечно ќе си заминат од власт, се вели во соопштението.