Владата на Заев и министерот Тевдовски до 2021 година, според нивната фискална стратегија, ќе го зголемат јавниот долг на неверојатни 6,1 милијарди евра. До крајот на мандатот на Владата на СДСМ, долгот на граѓаните ќе биде над 6,1 милијарда евра, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, кога Заев кога стана премиер, а Тевдовски министер, долгот на државата бил 4.7 милијарди евра. Тоа значи дека секое четиричлено семејство до крајот на мандатот на оваа Влада ќе биде задолжено за близу 13.000 евра.