Залудни се бајатите соопштенија на центарот за комуникации на СДСМ каде што бесполезно се обидуваат да ја прикријат неспособноста на Заев, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштенијата од владејачкиот СДСМ за пожарите во Македонија.
Соопштението го објавуваме во целост:
Наместо Заев да се крие позади бајатите соопштенија на партијата, нека смогне храброст и нека се извини на граѓаните, а воедно да ја признае неговата неспособност со справување со пожарите.
Додека земјата гореше, а граѓаните го гаснеа пожарот со голи раце, Заев на плажа се сончаше.
А, поради „системското функционирање“ на Заев и неговата Влада изгореа илјадници хектари шума, имоти и домови на граѓаните. А, за жал нема никаква одговорност ниту од Зоран Заев, ниту од еден член на оваа неспособна власт.
Да не беше солидарноста од страна на земјите од регионот, знак прашалник беше дали пожарите ќе беа ставени под контрола.
Време е власта пред македонската јавност да се извини заради нивното дезертерство, ненавремена реакција и неспособност. А, казната за оваа катастрофа власта ќе ја добие од граѓаните на избори.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ