По назначувањето на Кацарска за претседател и Цветанка Иванова за судија на Уставен, Заев од судот прави форум на пензионери на СДСМ, се вели во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната објава за избор на Иванова од СДСМ за уставен судија.
Ја пренесуваме целата реакција од ВМРО-ДПМНЕ:
По назначувањето на Кацарска за претседател и Цветанка Иванова за судија на Уставен, Заев од судот прави форум на пензионери на СДСМ.
Нема поголем акт на партизација на државата од тоа на Уставен суд, кој е столб во една држава, заштитник и чувар на Уставот да сакаш да поставиш поранешна пратеничка, партиски функционер и актуелен генерален секретар на собранието од редовите на СДСМ, како Цветанка Иванова за Уставен судија.
Како ќе зборува СДСМ за независност и департизација кога за Уставен судија ја предлагаат Цветанка Иванова, висок партиски функционер повеќе од една деценија?
Иванова не само што делеше функции со Заеви, таа делеше и тендери.
Зоран Иванов, син на Цветанка, кој е сопственик на фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, е и бизнис партнер на Трајче Заев во фирмата „ОМНИ ГРАДБА“ ДОО Струмица која се занимава со градежништво.
Фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ Струмица, доби тендер во висина од 300.000 евра од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта за Извршување на патни работи во зимски услови, и тоа за територија на подрачјето на Штип за сезоната 2019-2020 година.
Чии интереси ќе застапува Иванова, на Зоран и Трајче Заев и СДСМ или на народот?
Како јавноста да очекува правда од луѓето што со Заеви делат пари, функции и моќ?
4 години Заеви ја заробија државата. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!