Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДС и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДС на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка политика и да ги штити националните интереси, ги распродаваше кај ќе стигне, потпишуваше капитулантски и предавнички договори, само и само да остане ден повеќе на власт, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, што МИА је пренесува интегрално.

Додека пак, Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува за своите криминали, се расфрла со лаги на прес-конференции. Ништо од тоа што зборува Костадиновска Стојчевска не е вистина, а во измислувањето и лажењето, СДС се докажани првенци.

Од друга страна ја потсетуваме Бисера Антоанета, дека глас не пушти дури шеташе на државен трошок и купуваше разни производи со службена картичка, додека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се ист јазик.

Така што потенцираме, ако некој го загрозува македонскиот јазик, тоа е токму СДС на чело со Филипче и Заев, и цела свита околу нив која свесно молчи и одработува за предавничките политики, само и само да останат во функционерските фотелји.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: архива