Жерновски се приклучи кон политиките што го поткопуваат угледот и позициите на Македонија. Жерновски се стави во служба на странски наративи на штета на македонскиот идентитет и македонските интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваме интегрално:

Жерновски со структури од СДС продолжува со сервилноста во корист на странски агенди, а на штета и удар на македонскиот идентитет и позиции.

Жерновски, по сите неуспешни обиди во политиката, од градоначалнички избори до дипломатски активности се стави на располагање заедно со Филипче да бидат најголемите поборници на бугарските агенции и бугарските интереси во државата.

Жерновски повторно зборува во полза на бугарскиот наратив за Македонија. Со оглед на неговото семејно потекло и фактот дека неговиот дедо бил бугарски кмет тоа воопшто не му претставува проблем.

Сервилноста на Жерновски, Филипче и СДС ја доведе Македонија во понижувачка позиција каде Бугарија отворено ја негира македонската нација, македонскиот јазик и идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ нема да молчи кога структури на СДС се обидуваат да ја извртат историјата и да ги рушат позициите на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на заштита на националните интереси и достоинството на македонскиот народ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ