За ВМРО-Народна партија судењето во Битола на господинот Љупчо Георгиевски како претседател на клубот „Ванчо Михајлов“ отсега па натаму ќе биде третиран како политички монтиран процес, соопшти ВМРО-НП.
Во продолжение целото соопштение од ВМРО-НП која е во владејачката коалиција со СДСМ и ДУИ:
За жал државата преку својот орган на јавен обвинител учествува неодговорно, арогантно и прави пародија од правниот систем само за наводно да докаже некаква идеолошка определба на човекот кој е симбол на борбата за самостојна и независна Македонија.
Пародијата го достигна својот врв кога како главен сведок на обвинителот во разобличувањето на Ванчо Михајлов е повикан авторитетот на Ламбе Алабаковски кој пак е човек кој веќе и официјално е осуден за потпалување на истиот клуб.
За жал во С. Македонија денеска се води процес за кој ни самиот Лазар Колишевски немал доблест да го поведе дури и во најтемните времиња, а да не зборуваме дека сево ова е своевидно сопствено вето што си го ставаме на нашиот пат кон европската интеграција.
Затоа ВМРО-Народна партија предлага веднаш да се прекине овој карикатурален судски процес.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија