Социјалните мрежи се преполни со „лекови“ и „совети“ за справување со сите болести, а сега еве и со коронавирусот. Внимавајте на тие „истакнати кинески, руски, американски…“ лекари што препишуваат „лекови“ преку социјалните мрежи.

– Коронавирус може да се излекува и со свежо зовриена вода со лук. Стар кинески лекар ја докажал ефикасноста на овој напиток. Исто така и многу пациенти докажаа дека е ефикасен, пишува во „рецептот“ што се споделува на социјалните мрежи.

Понатаму следува упатството за подготовка. Внимавајте на овие „стручњаци“ што делат совети и рецепти преку интернет и на електронските медиуми.

Неодамна имаше случај во соседна Србија за „лекувана“ пациентка која се предозирала со лук за да ги сперчи вирусите и потоа завршила на клиника.