Државниот архив на Македонија доцна синоќа по полноќ објави дека го пријавува лицето Ристо Ангелов во МВР поради навреди во коментар на Фејсбук.
„Да ви се мо*ам во северната, пи*да ви материна“, пишува во коментар Ангелов.
За Државниот архив, ваквата комуникација претставувала кривично дело.
„Државниот архив го пријавува овој коментар на Ристо Ангелов до МВР сметајќи дека е говор на омраза и девалвирање на владина институција која што професионално ги извршува своите задачи и обврски. Предлагаме соодветните органи да преземат мерки за санкционирање на ваквото однесување на индивидуата“, информираат од Архивот.
За ова искоментираше и адвокатот Јанаки Митровски:
– И каде е говорот на омраза?, прашува Митровски.