Две помали ајкули уловиле албанските рибари во водите на Јонско Море, кај Валона. Станува збор за ајкули со помала големина кои се уловени во близина на местото Луков.
Рибарите предупредуваат дека е можно да има и други помали ајкули кои пливаат во близина на брегот.
Тие со совет до сите годишноодморци да бидат посебно внимателни и да го контролираат местото и околината каде што одмараат.
Главен наслов на медиумите, кои веста ја пренесоа секавично е „Чувајте се самите себе си! Уловени се две ајкули во Валона“.
Албанските рибари, во своите мрежи, во повеќе наврати имаат уловено големи ајкули, но на многу поголема оддалеченост од брегот.