Јануари оваа година беше најтоплиот месец во Австралија откако во земјата се мерат температурите, соопшти Австралискиот метеоролошки завод, додека делови на северната хемисфера се соочуваат со рекордно ниски температури.
– На почетокот на јануари, првпат во Австралија температурата надмина 30 степени Целзиусови. Во овој периодот дождот беше под просекот во поголем дел од земјата. Од почетокот на летото во Австралија, во декември, земјата забележа рекордно високи температури и беше соочена со големи пожари во бројни делови на континентот, се наведува во соопштението.
Климатологот Ендрју Ваткинс изјави дека температурите измерени во јануари се без преседан.
– Топлотниот бран зафати голема површина од земјата, додека рекордот е надминат и во траење и во жестина, рече Ваткинс.
Според него, клучен фактор за таквите жестини е системот на висок воздушен притисок над Тасманското Море, кој го блокира секој ладен фронт на југ од земјата, како и одложувањето на монсунската сезона на север.