Хаџер Тулу, позната турска пеачка со балкански корени е убиена во ноќен клуб во едно популарно излетничко место откако напаѓачи кои полицијата ги пронашла пукале од паркиран автомобил во близина на клубот.

Пејачката (40) е една од жртвите во нападот во близина на Бодрум. Медиумите јавуваат дека лекарите се обиделе да ја реанимираат по приемот во болницата, но безуспешно.

Хаџер Тулу е родена 1878 година во Измир, во семејство на имигранти од Босна. Некои од медиумите наведуваат дека убиената Тулу има 15-годишна ќерка, а британски „Метро“ наведува дека таа завршила студии од областа за односи со јавноста.

Според првичните информации, во нападот убиен е и сопственикот на клубот „Медуза“, Мехмет Али, каде се случила пукотницата.

Повредени биле уште четири лица.