Криминални банди ширум Британија за криумчарење дрога се повеќе користат деца дури и од 11-годишна возраст, и таа криминална трговија се шири, предупредуваат полициски претставници.
Според Националната агенција за борба со криминал во тие активности, се користат се помали деца бидејќи бандите се повеќе ги „регрутираат“ преку социјални мрежи, во школи, домови за деца и објекти за бездомници.
Проценките се дека илјадници деца во Британија се користат со цел пренесување дрога од градови во рурални подрачја, најмногу на возраст од 15 до 17 години. Тие во најголем дел се вовлечени во тој „бизнис“ бидејќи мора да отплатат долг или затоа што им се заканувале со киднапирање, насилства или силување.
Бројот на телефонски броеви поврзани со трговија на дрога во рурални подрачја кои се регистрирани во полиција во последните неколку години е зголемен тројно и е поголем од 2.000. Бандите привлекуваат деца со тоа што ми зборуваат дека нема да бидат казнети ако кажат дека биле принудени да шверцуваат дрога.
Во Британија во 2017 година меѓу децата имало 2.118 жртви на трговија на луѓе што е за 66 отсто повеќе отколку во 2016 година.