Најмалку две лица загинаа во пожар во болница во Jесенице во Словенија.

Во пожарот повредено е најмалку едно лице.

Пожарот избувнал околу 15 часот во една од собите во болницата во Јесенице. Според Словенечката телевизија најмалку две лица загинале и еден е во животна опасност со тешки изгореници и префрлен во болницата во Љубљана. Евакуиран е дел од болницата, а пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот.