Во Бугарија, до 1 октомври, 4.886.506 граѓани се попишани преку Интернет, соопшти Националниот статистички институт на Бугарија.
Според дописникот на МИА од Софија, ова е 70,65 отсто од населението во Бугарија. Бројот на живеалишта е 2.769.895.
За периодот од 18 септември, 2.481.544 лица се попишани преку попишувачи.
Во 18 општини, населението на пописот во Бугарија е помало од 50 отсто, а тоа се претежно мали општини со низок процент на попис преку Интернет, но се очекува пописот со попишувачи да го компензира електронскиот.
Во Софија се попишани 919.945 лица или 70,31 отсто од населението, во Варна, тој број изнесува 263.522 луѓе или 77,16 отсто, а во Пловдив досега се попишани 246.858 лица или 72,17 отсто од луѓето во општината.
Пописот ќе продолжи до 10 октомври, откако бугарската влада го продолжи рокот.
До крајот на пописот ќе продолжат да работат отворените 20 центри за поддршка, каде што граѓаните можат да ги посетат за да се попишат, а попишувачите да добијат помош и одговори на прашањата што се појавуваат за време на нивната работа.