Се замрзна речиси целата река Чикаго, а градот е зафатен од рекордно ниски температури. Во Чикаго температурите може да паднат до минус 33 степени, а поради силниот ветар чувството на студенило ќе биде околу минус 45 степени.

Делови од Средниот запад на САД се под бран ниски температури кои се до минус 50 степени.

Државната метеоролошка служба најавува температури меѓу -23 и -40 ширум Средниот запад, а поради ветрот во Минесота можеда одстигнат до -54 степени Cелзиусови.

Илјадници школи се затворени, како и владини агенции и судови.

Полицијата соопшти за зголемен криминал на улиците на Чикаго, крадци наводно со пиштoли им се закануваат на луѓе и им ги крадат јакните и бундите.