Стотици замоци како дел од луксузен станбен комплекс Burj Al Babas во централниот дел од Турција се недовршени бидејќи градежниот претприемач прогласи банкрот.

Со проектот што чини околу 200 милиони долари,  требаше да се изградат 732 идентични замоци. Проектот е на средина меѓу Истанбул и Анкара.

Градежните работи почнаа во 2014 година. Стотици се оставени во различни степени на градба.

Драматичниот пад на турската економија го донесе инвеститорот Sarot Group до банкрот во ноември. Комплексот има долгови од 27 милиони долари.

Продадени биле 350 замоци за цени од 370.000 до 530.000 долари претежно на клиенти од Кипар.