Швајцарското Обвинителство денеска потврди дека е поднесена кривична пријава против израелскиот претседател Исак Херцог за време на Светскиот економски форум во Давос, во време кога Израел е обвинет и за воени злосторства во Појасот Газа.

„Кривичната пријава ќе биде разгледана според вообичаената процедура“, соопштија од швајцарското државно обвинителство, додавајќи дека ќе контактираат со швајцарското Министерство за надворешни работи за да разговараат за прашањето за имунитетот на Херцог.

Од Обвинителството не соопштуваат кој ги поднел пријавите.

Портпаролите на израелската Влада и Министерството за надворешни работи не одговорија на барањата за коментар.