Речиси двојно е поголем денешниот број на новозаразени од коронавирус, во однос на вчерашниот ден, бидејќи во делници работат и државните лаборатории, а во празници и викенди има резултати само од приватните.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, Македонски Брод-1, Виница-1 и Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од: Скопје-42, Куманово-17, Штип-7, Прилеп-16, Тетово-10, Велес-1, Битола-2, Охрид-4, Гостивар-10, Гевгелија-4, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Кочани-4, Пробиштип-2, Пехчево-2, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.
Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6629, активни 586
• Куманово 1701, активни 193
• Дебар 276, активни 36
• Штип 1233, активни 57
• Прилеп 624, активни 120
• Тетово 1387, активни 168
• Струга 650, активни 64
• Велес 309, активни 35
• Битола 274, активни 64
• Охрид 409, активни 47
• Кавадарци 215, активни 33
• Гостивар 908, активни 100
• Гевгелија 107, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 184, активни 115
• Крива Паланка 98, активни 28
• Радовиш 71, активни 21
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 267, активни 103
• Пробиштип 104, активни 20
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 91, активни 12
• Пехчево 42, активни 9
• Берово 84, активни 26
• Валандово 17, активни 8
• Виница 99, активни 25
• Делчево 145, активни 76 (30 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 3
• Свети Николе 316, активни 17
• Кичево 313, активни 37
• Ресен 160, активни 12
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1618 теста се преку: ИЈЗ-216, ЦЈЗ Скопје-51, Авицена-323, Биотек-282, МАНУ -149, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -192, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-4, ГАК-25, Синлаб-55, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 33 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 162, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 64
• Гази Баба – 72
• Аеродром – 87
• Карпош – 68
• Центар – 80
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 36
• Бутел – 31
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 10
• Сарај – 13
• Арачиново – 9
• Илинден – 16
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-6