Најмалку 4 лица загинаа од земјотресот кој утрово ја потресе Албанија, информираат локалните медиуми. Над 100 лица побарале лекарска помош во Тирана. Се стравува дека бројот на загинати ќе расте со оглед на тоа што во приморскиот град Драч се урна зграда.
Земјотрес со интензитет од 6.4 степени според Рихтеровата скала, ја стресе Албанија во 03: 54. Локалните медиуми јавуваат дека е предизвикана огромна штета, а градот Драч е без струја. Земјотресот беше почуствувано и во делови од Македонија, меѓу кои и во главниот град Скопје, каде тресеше цели 15 секунди.
Епицентарот е на 11 километри од албанскиот град Драч.