Една млада мајка која патувала со авион од Саудиска Арабија кон Малезија преживеала шок кога сфатила дека и го нема детето.
Според тврдењето на очевидци, авионот само што полетал мајката сфатила дека го заборавила своето дете на терминалот.
Поради тоа авионот на компанијата Сауди Арабиан Ерлајнс, кој тргнал кон Куала Лумпур, морал да се врати на аеродромот во Џеда откако мајката го известила екипажот дека и го нема детето.
Бидејќи пилотот побарал дозвола од контролата на летот, авионот безбедно слетал и мајката веднаш го пронашла своето дете.