Во Шведска е регистрирана добивка од 53,4 милиони евра на лотаријата Евро џекпот.

Ова е најголемата сума која некогаш е добиена во земјата, соопшти лотариската компанија Свенска спел.

Претставник на компанијата ја потврди добивката, без да открие дали џекпотот го освоиле еден или повеќе играчи на играта на среќа.

Лотаријата Евро џекпот се игра од 2012 година и е достапна во 18 држави – од Исланд до Словенија.