Во индустриска зона во село Василево вчера околу 18.00 часот е лишен од слобода М.О.(41) од скопско Зелениково, во чие товарно моторно возило полицијата пронашла 30 лица мигранти.
Како што денеска соопшти МВР, М.О управувал со товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, во кое при контрола од полициски службеници биле пронајдени лица мигранти и тоа 29 од Авганистан и еден од Пакистан.
Мигрантите биле сместени во Прифатен центар за странци за понатамошна постапка, додека за М.О. било констатирано дека се бара за издржување казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.