Премиерот Ковачевски денеска призна дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа. Премиерот се правдаше дека Елена со свои пари инвестирала и дека тоа било уредно пријавено во анкетните листови пред да дојде на функцијата. Уште убедуваше дека  секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства.

Но, уште поинтересно е кои се другите сопственици на оваа централа, пишува скопска Република. Покрај Елена Ковачевска и Димитар Тренчев, како сопственик се појавува и Кирил Паунов, син на кумот на Ковачевски, кој е заведен и како управител на компанијата. Во низата сопственици е и името на Светлана Тунџева, која е сопруга на директорот на Агенцијата за катастар за недвижности, Борис Тунџев.

Кој е Борис Тунџев?

Целото семјество Тунџеви на директен или индиректен начин е поврзано со СДСМ. Борис беше главен вештак во случајот „Топлик“ за комплексот „Сончев Град“ и покрај забелешките од страна на одбраната на обвинетите дека има конфликт на интереси и оти неговото вештачење не смее да биде дел од листата на докази.

За одбраната беше спорно неговото вештачење бидејќи Тунџев бидејќи истовремено е и директор на Агенцијата за катастар а во моментот кога го правел вештачењето лиценцата му била истечена.

Ќерката Катерина Тунџева пак беше советничката листа на СДСМ за Општина Карпош а сега и мајката станува бизнис партнер на семејството Ковачевски.

Опозицијата минатата година реагираше што Тунџеви имаат компанија за производство на електрична енергија и оти добиле лиценца на 35 години, се вели во написот на Република.