Германската полиција соопшти дека денеска уапсила човек осомничен за протекувањето лични податоци на стотици политичари, јавни личности и новинари во декември.
Мажот е идентификуван како 20-годишник од западната држава Хесен. Според полициски извори, тој се признал.
Германскиот естаблишмент во петокот беше погоден со информацијата дека бројни приватни телефони, фотографии и пораки се објавени на интернет преку Твитер налог. Огромна количина податоци што хакерите ја објавија на интеренет се однесува на приватна коресподенција на стотици политичари на сите нивоа, но и некои јавни личност и и новинари.
Нивото на политичка штета засега не е познато.