Подготвила: Јованка КЕПЕСКА
За својата животна определба:
„Целиот труд и енергија сум ги посветил на јазикот и на народот.“
Во врска со првата „Македонска граматика“ и граматиката воопшто:
„Уште во текот на НОБ и Револуцијата (1943-1944), на ослободените територии работеа училишта со настава на македонски јазик – нешто логично и природно, но сепак, вонредно возбудливо поради драматичноста на нашата историја и судбина. Мрежата на училиштата се ширеше брзо. Потребата од учебник на македонски јазик се појави со сета своја итност и неодложност. Во 1945 година беше обнароден Правописот. Веќе беа утврдени рамките и нормите на литературниот јазик. Врз Граматиката работев засилено и со љубов. Тешко е да се објаснат и љубовта и радоста, предизвикани од тој интимен контакт со нешто што логички стана историја“;
На идеа да правам граматика дојдов сам… работев на некој начин тајно, Единствени што снаеја дека пишувам граматика беа Љубен Лапе, тогашен помошник за просвета и Крум Тошев, и двајцата мои пријатели од детството и од студентските денови. Овие луѓе не самошто ми пружија колегијален поттик туку со оглед на општествените функции што ги вршеа го пренесоа и општествениот поттик на сеопштиот општествен и национален ентузијазам. Пред себе имав уште една голема подршка. Решението на АСНОМ по кое„се заведуе македонскиот јазик како службен во македонската држава“;
„За да ја напишам првата „Македонска граматика“ доволна ми беше АСНОМ-ската определба за „заведување на македонскиот јазик како службен јазик“ во Република Македонија. Така, без ничие барање, во месец фебруари 1945 година отпочнав со пишувањето на граматиката, до месец август, истата година“;
„Беше мошне тешко да се оствари ова пионерско дело. Нашиот јазик си има специфични црти, кои требаше да ги согледам и граматички да ги поставам и и специфичните глаголски форми – сето тоа требаше да се испита и да се објасни“;
„При пишувањето многу ми помогна моето поранешно иследување на прилепскиот говор. Го бев проучувал говорот на прилепскиот крај уште во бивша Југославија; трисложниот акцент како и трисложниот член што се употребуваат во прилепскиот говор кои на ист начин се јавуваат и во поголемиот дел од централните говори, ми ја олесни работата. Но требаше подробно да се проучи како точно се употребува членот со именки и други именски зборови.
Потоа страшно тешко беше да се иследат глаголските форми и нивната употреба. Да се одредат карактеристиките на употребата на минато определените и неопределените времиња. Да се определат три вида множина кај именките и нивната употреба“…„Со Крум Тошев ја разгледавме партијата придавки. Тој ми укажа и други забелешки. Сето тоа ми даде поткрепа да истрајам во работата“; „Се припомнувам дека при уводниот дел гледав да бидат и имињата и говорот жив, македонски. Долу под лекцијата поставив прашања за синтеза на изнесеното. Потоа следеа заклучоци“;
„Тоа што е направено со составувањето на првата граматика на македонскиот јазик претставува санкционирање на една јазична ситуација и култура, која ја создаваа Македонците низ вековите. Оттука е погрешно и злонамерно кога се тврди дека еден јазик може да биде создаден само заради тоа што постои напишана граматика, или што тоа некој го бара од поинакви мотиви“;
„Во граматиката е јасно покажано оти македонскиот јазик се разликува и фонетски, и морфолошки, и синтаксички од соседните јазици, од српскохрватскиот и бугарскиот, и оти има своја посебна структура која што е поставена уште со формирањето на македонскиот народ, а подоцна понатаму се развива. Како таков јазикот посведочува за нашата национална самобитност при што никакви извртувања и фалсификати задоени со хегемонистички идеи, не ќе можат да ја скријат вистината за македонската дејствителност“;
За македонскиот јазик:
„Сметам дека главни инструкции за развој на јазикот се граматиката, речникот (ние скоро го добивме), правописот и литературата. Во сето тоа, можеби, најважна институција е граматиката: таа го афирмира јазикот. Писателите го богатат јазикот, го создаваат, а граматичарите го констатираат…Имаме литература со која можеме да се гордееме. Имаме богат и привлечен јазик,како што многу народи во светот посакуваатда имаат.“
„На сегашниот степен на развиток, нашиот јазик дава вонредни можности за преведување и препев на капитални дела: од книжевноста и од филозофијата – сеедно. Се разбира јазикот е нешто што се наоѓа во постојан развој. Од степенот на познавањето на подрачјата на јазикот и од личната култура зависи какви можности ќе ни открие во процесот на творењето и на преведувањето“;
„Убавото во светот на книжевноста е сврзано за можностите на јазикот. Земете ги сите писатели од сите национални литератури и ќе констатирате дека тие обликуваат, од јазикот на својот народ, дела со трајни вредности. Писателот е голем кога ги искористува изразните можности на јазикот до максимум…И наставникот и писателот, нам треба да ни го сугерираат најубавото во мајчиниот јазик“;
„Јазикот е чист но може да биде почист“;
…„бидејќи секоја нација држи до своето, до чистината на јазикот, и ние тоа го правиме. Затоа треба до крај да се користи јазичното богатство. Ако сме ги зеле веќе централните говори за литературен јазик, не значи дека треба да се
запостави постоењето на дијалектите, кои можат да го збогатат тој речнички фонд што ни го дава народниот говор. Таму каде нема можност – ќе се обидеме со наш постоен збор да образуваме нов. Ако и тоа не е можно, би требало да се позајми од интернационалната мрежа. Нема причина да не прифатиме еден таков збор. Но, сепак, не треба да се прави преголема експлоатација на туѓите јазици“;
„Јазикот е организам што не трпи надворешни ‘ тела’. Тоа може веднаш да се воочи, мелодичноста на реченицата во која се вметнуваат туѓи зборови се нарушува. Секој јазик треба да се збогатува и да се дополнува со нови форми и изрази, но притоа треба да се внимава на духот, на неговата структура. На тој начин треба многу да се работи…Многу малку внимание ѝ посветуваме на нашата фразеологија“;
„Учениците го усвојуваат мајчиниот јазик по природен пат, а низ наставата ги осознаваат неговите законитости и норми што потоа спонтано ги применуваат во општеството. Затоа јазикот не треба да се предава туку да се поучува, што значи да се набљудува живиот говор и живата говорна комуникација и да се воочуваат одделни особености“;
На прашањето што треба да се преземе за успешно унапредување на јазичната култура, ќе одговори: „Нашите соодветни институции и кадри треба да одржуваат постојан и активен контакт со луќето. Да се публикуваат поуки за јазикот со исцрпно обработени примери за тоа што е литературен,а што локалениз




