Само во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 21 смртен случај од грип, со што од почетокот на сезоната досега починаа 39 лица, покажуваат податоците од грчкиот Центар за контрола и превенција од болести, јави дописничката на МИА од Атина.
Последниот регистриран случај е бебе, додека, пак, на интензивна нега биле примени 165 лица и девет деца.
Според истите податоци, 1,7 милиони Грци се вакцинирале за заштита од грип.