Двајца мигранти ги загубија животите во две несреќи што ги предизвика ист воз на две локации во североисточна Грција.
Грчката полиција во градот Александрополис соопшти дека денеска возот кој сообраќал на релација Александрополис – Орменио прегазил две лица кои се движеле по пругата, набргу по тргнувањето на возот од Александрополис, пренесе Асошиејтед прес.
Едно лице загина, а друго беше тешко повредено во првата несреќа.
Машиновозачот ја пријавил несреќата, а патувањето било прекинато. Откако возот повторно тргнал кон своето одредиште се слуќила и втората несреќа, кога возот удрил во друго лице, кое починало од ударот.
Мигрантите од Турција преминуваат во Грција и често заради ориентација ноќе се движат по пругите.