Во Хрватска досега се потврдени 10 случаи на мајмунски сипаници, а се работи за машки пациенти на возраст од 30 до 50 години, потврди епидемиологот Горанка Петровиќ, која очекува првите дози од вакцината против вирусното заболување да пристигнат во наредните недели.
Засега се знае дека двајца се заразени во странство, а за останатите се уште се собираат информации.
Секоја земја од Европската унија ќе го воведе својот план за вакцинација против мајмунски сипаници, а првите дози би можеле да пристигнат во Хрватска за неколку недели, иако не е одреден конкретен датум, изјави за Хина епидемиологот од Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) Горанка Петровиќ.