Има експлозија на бројот на новозаразени од коронавирусот во Македонија, но нема потреба од рестриктивни мерки, изјави проф. д-р Драган Даниловски во разговор за ТВ Канал 5.

– Пикот на летниот бран ќе дојде за околу две недели, но сепак иако бројот на заразени периодов експлозивно расте, причина за голема загриженост нема, оти ниту болниците се полни, ниту пак смртноста е висока, оценува проф. Даниловски.

Тој смета дека протоколот за лекување на ковид треба да има законска сила, а тоа требало да се направи одамна.

Видеото и целиот разговор може да го отворите ТУКА.