Дводневниот позитивен тренд на опаѓање на бројот на жртви од коронавирусот во Италија денеска е прекинат, со оглед на тоа што за 24 часа починаа 743 лица, пренесуваат италијанските медиуми.
Досега во Италија од овој вирус починаа вкупно 6.820 лица.
Исто така во пораст е и бројот на активни случаи на заразени лица, за 3.612, така што вкупниот број сега изнесува 54.030.
Од почетокот на епидемијата во Италија се регистрирани 69.176 заразени лица.
Шефот на Цивилната заштита Ангело Борели изјави дека, сепак, и бројот на излекувани е во пораст, односно 894 повеќе од вчера или вкупно 8.326.