Бирачите во италијанското гратче Тромело за свој градоначалник го избраа трансродниот адвокат Џанмарко Негри, кој беше главен противкандидат на претставникот на десничарската „Лига“ на Матео Салвини.

Негри, 40-годишен адвокат, кој е и активист за трансродиви права, е избран со 37,5 отсто од гласовите дадени за неговата левичарска граѓанска листа. Кандидатот на Лига заврши на второ место, со 26 отсто од гласовите.