Монти Скијага е изолирано село во северна Италија, каде што, сепак, има пристап до водоводен систем и се наоѓа на 115 километри северно од Милано.
А, пак, езерото Комо, каде холивудскиот глумец Џорџ Клуни има луксузна вила, е на околу 64 километри.
Ова планинско место било скоро целосно напуштено во 1970-тите, но ја има задржано својата изворна структура со традиционални архитектонски елементи. А, властите сега ќе одлучуваат по предлогот – напуштените куќи да се продаваат за по еден долар.
Сè ова претставува поволна прилика за инвеститорите. Гласањето за предлогот допрва следи, пренесува „Фокс њуз“.
Недвижнините се во лоша, руинирана состојба, а од купувачите се очекува – во разумна временска рамка да ги реновираат и оспособат за живеење.
Слични проекти веќе се спроведуваат и во други напуштени и зафрлени места ширум Италија.