Граѓаните од православна вероисповед ќе имаат уште еден продолжен викенд идниот месец. Според Законот за празниците на Република Македонија 21 јуни (петок) Духовден е неработен ден за православните верници.

Потсетник за сите неработни денови и празници во Македонија во 2024 година:

За сите граѓани на Македонија

02 август (петок), Ден на Републиката,

8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден

11 октомври (петок), Ден на народното востание,

23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

01 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во Македонија

12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во Македонија

28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во Македонија

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик