Она што сега е потребно се политичка волја и храброст за да се направи одлучувачкиот чекор: повторното обединување на Мермерите и историскиот спор со долга да се претвори во единствен чин на културно пријателство, пишува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во колумната за весникот „Гардијан“, повторувајќи ја подготвеноста на Грција за договор за враќање на Мермерите од Партенон, јави дописничката на МИА од Атина.

Во колумната под наслов „Велика Британија не би ја поделила Таписеријата од Баје. Да го искористиме моментот и повторно да ги обединиме Мермерите од Партенон во Грција“, Мицотакис прави паралела меѓу враќањето на Таписеријата од Баје, по речиси еден милениум во Британскиот музеј со грчкото барање за враќање на Мермерите, посочувајќи дека постојат „впечатливи сличности меѓу двете дела“, бидејќи и двете биле создадени како целини, за да можат да се гледаат и разберат како едно дело.

– Грција не може да прифати никаква регулатива што би барала од неа да признае дека Мермерите се во сопственост на Британскиот музеј, ниту план што би значел дека „позајмуваме“ делови од нашиот сопствен споменик. А британската јавност сè повеќе е на страната на Грција. Национално репрезентативна анкета објавена минатата година покажа дека мнозинството го поддржува враќањето на Мермерите во Грција. Уште позначајно е што 72 отсто се согласиле дека Мермерите подобро се разбираат како дел од една целина со Партенон, пишува Мицотакис.