Трагите од историјата која „треба да ја заборавиме“ за да почнеме „нова нашминкана и поубава“ не се бришат лесно.

Потврда за тоа е и документот од Конгресот на САД од 1951 година. Станува збор за излагање на Републиканскиот конгресмен Френк Т. Бау во американскиот Конгрес:

„… Сосема е очигледно дека со создавање или со трајно одржување на вакви услови на Балканот сè уште може да се појави искрата потребна за потпалување на трета светска војна. Во овој случај, забележително е дека ниту една од заинтересираните балкански држави досега не покажа грижи за желбите на македонското население. Во трите делови на поделена Македонија жителите НЕМААТ НАЧИН да ги искажат своите потреби и желби за својата иднина. Од 1893 година кога се создаде Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – ВМРО и повторно во 1903 г., кога голем дел на македонското население зема пушка во рацете против турското владеење, населението во Македонија јасно даде до знаење дека се обидува да завладее само со својата судбина и со задоволство го прифати мотото на реномираниот британски државник Вилијам Гледстоун – „Македонија за Македонците“ . И денес, доколку македонскиот народ е слободен да се изрази, поголемиот дел од населението би барало создавање на слободна обединета и независна македонска државна единица којашто отпосле може да послужи како јадро за формирање на балканска федерација.”

(Д.Г.)