На натпреварите од најквалитетното фудбалско првенство во Франција – Лига 1, од сезоната 2018/19 ќе биде дозволено да се прват по четири замени.
Четвртата замена ќе биде дозволена и во Втората лига, националниот куп.
Како што информира прес-службата на Лига 1, на 7 јуни беше усвоена измена на правилата за натпреварите, со што се овозможи четврта замена во дополнително време.
Од следната сезона и во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа се воведува правило за четврта замена во случај на продолженија, објави порано УЕФА.