Во Велика Британија вчера беше потопло отколку на голем дел од Хавајските острови или во Лос Анџелес, јави ДПА, повикувајќи се на Британската метеоролошка служба.
Термометрите на повеќе места во Велика Британија покажуваа близу 30 степени. Температурата во главниот град Лондон и југоисточна Англија достигна 29,5 степени. Северно, во Шкотска вчера беше најтоплиот ден од почетокот на годината.
Метеоролозите очекуваат температурите и натаму да растат. Прогнозите за денеска и утре се темератури над 32 степени и можни рекорди.
Највисоката температура забележана во Британија од почетокот на годината беше 32,7 степени. Таква вредност термометрите покажаа на аеродромот „Хитроу“ на 17 јуни.
И Ирска вчера го доживеа најтоплиот ден во годината. На аеродромот „Шенон“ на југозападниот дел од островот измерени беа 25,6 степени.