Мексиканскиот Парламент одобри формирање национална гарда. Иницијативата беше прифатена со 362 гласса „за“ и 119 „против“.
Иницијатор е претседателот Андрес Лопез Обрадор.
Националната гарда треба да биде уште еден инструмент во борбата со криминалните закани во државата.
Во гардата ќе има 60.000 војници. Во неа ќе влезат од веќе постоечките воени сили и федералната полиција, и не е познато дали ќе се примаат и регрути. Шеф на тие сили ќе биде цивил, но команданти ќе бидат воени офицери.