Kлиматските промени и уништувањет ошуми се закана целосно од лицето на Земјата да исчезнат половина диви видови кафе меѓу кои и популарните во комерцијални цели „Арабика“ и „Робуста“, предупредуваат научници.

Сегашните мерки за одржување на тие видови не се доволни за да се заштити нивната долгорочна иднина, покажува истражување на британски научници. Според нив, итно е потребна акција во одредени тропски држави пред се во Африка и во шумовити области кои се тешко погодени од климаските промени.

– Додека растат температурите, а се намалува количината на дожд, има се помалку погодни зони за одгледување кафе, изјави Арон Дејвис шеф на сектор за истражување во Кју гарден.

– Постојат и многу држави што се зависни од кафе поради приходите од даноци. Проценките се дека има околу 100 милиони луѓе кои одгледуваат кафе на фарми ширум светот, објасни британскиот експерт.

Резултатите од истражувањето нагласуваат дека посебно се загрижени и за Етиопија како најголем африкански извозник на кафе. Научниците укажуваат дека до 2080 година бројот на локации на кои се одгледува „Арабика“ во таа држава може да се намали за 85 отсто.